Пребарај

гаранциски услови за климатизери

Почитувани купувачи.

Сите климатизери имаат повекегодишна гаранција која е условена со Технички Преглед на климатизерот кој го врши овластената екипа за монтажа.Техничкиот преглед на климатизерот теба да се направи пред истекот на годината почнувајки од денот на купување, во повторлив цклус секоја година додека трае условната гаранција.

Купувачот кој не го запазил рокот за технички преглед ја губи гаранцијата на уредот.

Сите монтажи на клима уредите треба да се извшени од овластени монтери од страна на увозникот-производелот. Секој произвидител има договори со различни монтерско-сервисни екипи.

Цените кои ги добивате за монтажа варираат од поизводител до производител и се однесуваат за монтажа на клима уред ТИП и големина на уред за должина на инсталација за поврзување до 3(три) метри и едно бушење на надворешен ѕид. Секој нареден метар на инсталација се наплатува меѓу 500 и 1000 денари во зависност од големината и типот на климатизерот. Пред да повикате монтер информирајте се убаво за услугата која ја нуди како би избегнале недоразбирања.

КЛИМАТИЗЕР и ГРЕЕЊЕ

Како што знаете веќе климатизерите пред повеќе години ја добија својата улога и како грејни тела во вашето домакинство или на работа. Не само како уреди за пригревање или догревање на веке посточки друг систем за грење, туки и како основни грејни тела.

                Да можете да ги употребувате ефикасно треба да ги практикувате следниве совети.

  1. Избор на климатизерот при купување

                Сите климатизери грееат ама некои се поефикасни во тоа.  При купување мора јасно да се определите што и како ке побарате од вашиот климатизер и така да го направите изборот.

                Внимавајте на описите како на пример греење до -15, -20, -10, -30. Тоа се показатели до која надвоершна температура климатизерот може да оперира, но не се показатели колку топлинска енергија ке даде во просторот. Тоа ќе го проверите во описот SEER(Seasonal Energy Efficency Ratio), SCOP(Seasonal Coefficient Of Performance). Повисок коефициент на некој од овие два праметри ви даваат до знаење дека климатизерот е поефикасен. Сите параметри за SEER повисоки 6.5, и SCOP повисок од 4 ви покажуваат  дека климатизерот може да се користи за греење. Ако SEER e povisok od 8,5 tтоа би ви било показател дека климатизерот има многу добра конверзија на температури пониски од -15 Ц, и спага во уреди со најдобра енергетска ефикаснот А+++.

  • Не дозволувајте температурата во просторијата да падне на многу ниски вредности во сезона на греење.

                Ако веќе сте решиле да го користите климатизерот за греење, не исклучувајте го климатизерот кога темературите се околу 0 степени. Оставете го да грее како би ја одрѓжувал температурата во просторијата. Намалувјте и зголемувајте ја темературата по желба и потреба. Кога климатизерот ке покаже сигнали ( DF дефрост) не гасете го во паника. Оставете го тоа е мод за одмрзнување на надворешната единица и трае од 5 до 10 минути и автоматски се вклучува. Ако користите климатизер од повисока класа кој има ГРЕАЧ во надворешната единица овој мод ке биде многу поредок и паузите нема ни да ги приметите.

  • Чистете ги филтрите во внатрешната единица почесто.

                Со тоа овозможувате подобар проток на воздух и помирна работа на самиот уред а и се заштитувате од прашина и го продолжувате векот на вашиот климатизер.

Препорака за одржување на вашиот климатизер.

  1. Редовно чистење на филтрите на внатрешната единица
                    - Со редовно чистење добивате подобро филтриран воздух од прашина која се лепи на самите филтри.
                    -Ако оставите подолго време да не се исчистат фитрите ке се наталожи подебел слој од прашина кој го спречува циркулирањето на воздухот со што се намалува моќта на климатизерот.

                -поставената температура нема да биде постигната поради запушување на протокот и сензорот за температура нема да ја мери точната температура.

2.  На неколку години треба да се изврши темелно чистење на климатизерот на внатрешната едница од можни мувли кои се стварааат на ладење поради кондензација.Ваквото чистење би требало да го изврши овластниот сервис ( освен ако сте  сам свој мајстор дома- погледнете упатсава на интернет или на некој форум )

                НАПОМЕНА: можно е да ја загубите гаранцијата на уредот доколку не ја направите работата по предвидена процедура.

3. Во случај климатизерот да ја намалил својата моќ( не лади доволно - не грее доволно ) консултирајте се со овластениот монтер/сервис пред  да превземете нешто на своја рака.

Back to Top
Производот е додаден во кошничката