Пребарај

Инсталација на клима уред во нова градба ( куќа-стан-деловен простор )

Кога се работи за нов објект кој е во фаза на градба најдобро е  инсталацијата за климатизација да се вгради во ѕидовите како и секоја друга инсталација. Така можностите за одбир на местоположбата на внатрешните единици може да се избере по желба бидејки ни остава можност да се вгради уредот каде што е најдобро. Исто и за надворешната едница може да се одбере место спрема желбата на сопственикот и најдобрата местоположба спреам самиот објект. Таквите инсталации не бараат многу внимание при нагиб и виткања ( колена ) и можеме да ги вградиме на најповолната позиција. Единствено мора да се води грижа за кондензациската цевка/црево или да се употреби пумпа ако се прават кондензациски водови на повисоки места од внатрешните единици ( важно за ладење со клима уред ). Постојат определени ограничувања на колена и максимална должина во зависност од уредот, марка, големина и тип но новите INVERTER технологии ни даваат голема слобода во однос на должините и денивелацијата на уредите.
Ако истото го правиме веќе во вселен објект мора да се употребуваат пластични канали за прикривање на цевководите и каблите а и ограничен ни е изборот во поставувањето заради истите. Таквите канали ги нема во голем избор евентуално 2 до 3 вида но скоро сите се во бела или беж боја а и цената не им е мала околу 400 денари по метар плус приклучни елементи, кривини капаци и тд. Некои од нив можат да се обелат со боја но како и да е подобро е првото решение како за вас лично така и за дизајнот на самите простори.

Субвенции за климатизери за 2024 од Министерство за Економија

Условите за аплицирање за субвенции за високо ефикасни клима уреди ги има на следниов линк: https://economy.gov.mk/mk-MK/news/javen-oglas-za-dodeluvane-na-potvrda-vaucer-za-kupuvane-i-vgraduvane-visokoefikasni-inverter-klima-uredi-vo-domakinstvata-za-2024-godina.nspx еве како изгледа во неколку реченици. правите апликација во министерство за економија.
  1. Носите заверена потврда од нотар дека не сте користеле сувенции од ваков тип и дека не сте приклучени на централно греење изјавата ја има на линкот подолу. фотокопија Сметка за платена ел.енергија...
  2. Податоци за членови на семсјството и фотокопии од лични карти или изводи за малолетни членови на семејството.
  3. Прочитајте убаво да не ве вратат.
потребните документи можете да ги превземете и од нашиот Климатизер.мк сервер. ЈАВЕН ПОВИК ЗА АПЛИЦИРАЊЕ ЗА СУБВЕНЦИИ изјавата преземете ја тука барањете превземето го тука Сите достапни информации ќе ги објавиме тука.

Различна температура во различни делови од домот ЗОШТО и КАКО да се справиме.

Помош! Зошто куќата ми е топла на горниот спрат, а студена долу? Еве како да го оладите спратот, особено летово. Лето е, климатизерот работи на максимално и секоја соба долу се чини свежа и ладна. Но вториот кат? Се чини како да патувате  низ Сахара. Позната состаја нели? Многу сопственици на домови исто така преживуваат иста фрустрација за време на најтоплите месеци од годината, кога нивните повисоки спратови  се загреваат многу , додека останатите делови долу се ладни и проветрени. Добрата вест е дека не морате да го прифатите ова како неизбежен дел од животот. Научете зошто ова се случува и што можете да направите за да го смените. Прво, еве зошто вториот кат се чини како сауна:
  • Топлината оди нагоре - Чиста физика: топлиот воздух се издига, додека ладниот воздух потонува. Ова значи дека вториот кат обично станува потопол од долу, дури и ако климатизерот работи со максимална моќ.
  • Вашиот покрив е топол - Освен ако имате сенка од дрвја, покривот ја апсорбира топлината од сонцето. Тој топол воздух се инфилтира во поткровието пред да се спушти топлината како зрачење спрема горниот кат. Ако немате заштита од топлината или вашиот покрив не е добро изолиран, автоматски ќе ви биде топло горе.
  • Затварајте ги прозорите и користете засенчување - Ролетни, Жалузини, Кепенци.
  • Дефектен систем за вентилација или нема вентилација - Вентилацијата го апсорбира ладниот воздух од вашата клима и го распределуваат низ целиот дом. Ако вентилацијата е стара, лошо инсталирана, дише или не постои, вашиот климатизер можеби ќе има проблем да го излади домот.
  • Можеби користите систем за клима со една зона -Најчесто ( СПЛИТ СИСТЕМ 1 зона) - Системите со една зона се посебни климатизерски уреди кои го загреваат или ладат само еден дел од домот. Тие се одлични ако сакате да го контролирате температурата во една соба или дедициран простор. Но не се толку добри ако се обидувате да го ладите целиот објект по жешките летни денови. Можеби треба да размислите за префрлање на мулти-зонски системи за клима, кои ви овозможуваат контрола на температурата во повеќе различни соби или зони или да инсталирате повеќе единечни уреди.
Погледнете го нашиот избор на мулти-зонски системи ( Мулти Сплит ) на следниов линк: https://klimatizer.mk/kategorija/multi-split-inverter/
  • Вашиот климатизер можеби е стар - Повеќето климатизери траат до 15 години. Ако вашиот не го лади доволно добро домот, можеби е блиску до крајот на својот животен век. Размислете за замена на стариот уред. Поновиот, по-ефикасен модел може подобро да го лади домот, да помогне да се постигне рамнотежа во температурата меѓу катовите и да ви заштеди на трошоци за електрична енергија. Погледнете ги најефикасните климатизери кај нас за да го оладите горниот кат повторно. Контактирајте не на 032/443-356, 072/215-123 или погледнете ги моделите на следниов линк: https://klimatizer.mk/kategorija/split-sistem-inverter/
Од наоѓањето на вистинскиот систем за климатизација до неговото одржување, контактот со нас ви е најдоброто решение. Добијте одговори на вашите прашања на секој чекор од патот. Јвете се прашајте ке ви помогнеме да одберете најдобро за вашиот Буџет. https://klimatizer.mk/kontakt/
Back to Top
Производот е додаден во кошничката