Продажба:
Согласно законските регулативи за трговија на мало, ТД ДАНИТА-НИК ДООЕЛ СВЕТИ НИКОЛЕ ги истакнува цените на производите на овој домен: https://klimatizer.mk и по осноов на тие цени врши наплата на нарачките направени преку веб страната. Сите истакнати цени на производите на нашата веб страна со со вклучен ДДВ 18% или 5% во зависност од групата на производи кои се прикажуваат и не смеат да се прават корекции на цената на сметка на купувачот со додавање на дополнителна вредност за ДДВ.
За производите кои се нарачани преку веб страната и плаќањето е направено преку електронска наплата CASSYS купувачот добива фактура за купен производ.
За производите кои се нарачани преку веб страната и плаќањето е побарано да се плати на Фактура. Купувачот добива прво Про-фактура, го плаќа производот на жиро сметка и со производот му се доставува фактура за фактура.
За производите кои се нарачани преку веб страната и плаќањето е побарано да се плати на лице место при достава купувсчот добива сметка за купен производ.
Испораката на производи се наплатува по фиксно дефнирана цена за испорака.
И тоа:
-200 денари за мали вредности до 2500 денари, 400 денари за вредност до 40000 денари и 1000 денари за вредноцти поголеми од 400001 денар.
Во сите случаи купувачот на впишаната е-пошта адреса добива потврда-нарачка со која влегува во облигационесн однос со продавачот и важат општите услови за настанување на облигација мегу двете страни.
Во секое време купувачот може да ја прекине нарачката со известување на другата страна дека се откажува од купување или испорака за да се направат акции кои ќе спречат натамошно продуцирање на трошоци за било која страна пред производот да биде испорачан на купувачот.
Продавачот може да ја откаже испораката на нарачан/купен производ преку веб страната и да ги врати средствата во целост веднаш на сметка на купувачот доколку за истиот е направено плаќање по некој основ ( жиро сметка или CASSYS ).
Враќање на средства ( рефундација ):
ДАНИТА-НИК ДООЕЛ СВЕТИ НИКОЛЕ овозможува рефундирање на средства за производите кои се купени и платени од е-продавницата www.klimatizer.mk, под долунаведените услови:
Доколку производите кои сте ги добиле не одговараат со форма, боја, вид, крој или на било кој начин со вашите очекувања, може да побарате замена на производот за друг производ. Во случај на непостоење можност за замена имате право на поврат на средствата според условите наведени овде.
Контактирајте не најдоцна во рок од 24 часа од приемот на пратката на телефонскиот број +38932443356 или испратете ни е-пошта со своите податоци (име, презиме и телефон) на адресата info@klimatizer.mk со наслов „Рефундурање на средства“, и наведете ги причините поради кои сакате да направите замена, односно, враќање на производот. Во најкраток можен рок, нашиот оператор ќе ве извести за понатамошната постапка.
Производот може да го вратите или замените во рок од 7 дена од денот на направената нарачка. Производот мора да биде неоштетен и неупотребуван, со оригиналната етикета. Во таква состојба, уредно спакуван можете да го вратите производот во ДАНИТА-НИК ДООЕЛ на адреса: ул. Септемвриска бр. 8, 2220 Свети Николе. Трошоците за достава при замена и враќање се на товар на купувачот.
По приемот на производот се утврдува дали производот е неоштетен и неупотребуван, по што продолжуваме кон испраќање соодветна замена или враќање на парите.
Во случај да барате враќање на паричните средства, откако ќе го вратите производот во ДАНИТА-НИК ДООЕЛ во горенаведената состојба, средствата во висина на износот на нарачката освен трошоците за достава ќе ви бидат префрлени на истата трансакциска сметка која сте ја користеле при плаќање на производот или на сметка која ќе ја посочи купувачот доколку плаќањето го вршел при испорака. Трошоците за достава не се рефундираат.
Последни промени: 28/05/2024 год.
Контакт
За дополнителни информации контактирајте нè на info@klimatizer.mk
ДАНИТА-НИК ДООЕЛ СВЕТИ НИКОЛЕ
УЛ. СЕПТЕМВРИСКА 8, 2220 Свети Николе
ЕДБ: MK4025993101467
Матичен број: 4615140