Гаранциски услови за климатизери

Почитувани купувачи.

Сите климатизери имаат повекегодишна гаранција која е условена со Технички Преглед на климатизерот кој го врши овластената екипа за монтажа.Техничкиот преглед на климатизерот теба да се направи пред истекот на годината почнувајки од денот на купување, во повторлив цклус секоја година додека трае условната гаранција.

Купувачот кој не го запазил рокот за технички преглед ја губи гаранцијата на уредот.

Сите монтажи на клима уредите треба да се извшени од овластени монтери од страна на увозникот-производелот. Секој произвидител има договори со различни монтерско-сервисни екипи.

Цените кои ги добивате за монтажа варираат од поизводител до производител и се однесуваат за монтажа на клима уред ТИП и големина на уред за должина на инсталација за поврзување до 3(три) метри и едно бушење на надворешен ѕид. Секој нареден метар на инсталација се наплатува меѓу 500 и 1000 денари во зависност од големината и типот на климатизерот. Пред да повикате монтер информирајте се убаво за услугата која ја нуди како би избегнале недоразбирања.

Гаранциски услови за климатизери по брендови:

1.VIVAX гарантниот рок на климатизерите е 5 години условно. Првите 2 години со монтажата и наредните 3 години со технички сервис секоја година извршен од овластениот монтерско/сервисен тим.

2. GREE гарантниот рок на климатизерите е 10 години условно. Секоја наредна година со технички сервис извршен од овластениот монтерско/сервисен тим.

3. HISENSE гарантниот рок на климатизерите е 3 години безусловно.

Условите за гаранција се променливи во зависност од тековни акции на производителите.