Енергетска Ефикасност и објаснување

SEER и SCOP ознаки на климатизерите

            Понудата на пазарот со климатизер е поголема од било кога. Во
морето на технички податоци сигурно сте наишле на поими како: EER,SEER, COP, SCOP како и енергетски ознаки како: А+++, А++, А+, А, B, C, D кои веројатно ве збунуваат или не знаете што значат. Во продолжение можете да прочитате објаснувања за наведените поими.

Ознака EER( Energy Efficiency Ratio ) значи енергетска ефикасност а се однесува на големината на излезната енергија за ладење и потребната влезна електрична енергија. Поголема вредност означува подобри перформанси.

Ознаката COP( Coefficient of Performance )  е поим кој се користи во  термодинамиката, а дава размер меѓу добиената топлина и потрошената потребна енергија. Колку поголем е коефициентот толку подобри перформанси има уредот односно оперативните трошоци се помали.

Од друга страна SEER ( Seasonal Energy Efficiency Ratio ) и SCOP ( Seasonal Coefficient Of Performance ) се однесуваат на сезонскиот коефициент  на енергетската ефикасност. Односно SEER е сезонска енергетска ефикасност на уредот при Ладење, а SCOP е сезонска енергетска ефикасност при греење.

На кратко повисок коефициент значи подобра перформанса на уредот.

Треба да напоменеме дека производителот е должен да истакне налепница на која се искажани коефициентите SEER и SCOP.

Енергетската класа е потврда за квалитет на уредот од гледиште на енергетска ефикасност, при што уредите спрема потрошувачката на електрична енергија се делат на 7 ( седум) гкатегории означени со букви: A, B, C, D, E, F, G.  Енергетски најефикасните уреди припаѓаат во категоријата  А, а најдобриот од нив носи ознака А+++.