Пребарај

3 грешки кои не треба да ги направите при купување климатизер

3 грешки кои не треба да ги направите при купување климатизер

3 грешки кои не треба да ги направите при купување климатизер
  1.  Никогаш не Брзајте со изборот да купите Климатизер кога се наоѓате приклештени од високите  или ниски темератури. Купувајте климатизер со повисока енергетска вредност и повеќе опрема.
  2.  Внимавајте на Енергетската налепница, прашајте го продавачот и ако имате можност проверете дали тоа е тоа што вам ви треба.
  3.  Монтажата е битна работа за правилна работа на Клима уредот. Монтерската екипа во договор со вас треба да го позиционира уредот каде што ке има најголем импакт на просторот, дали за ладење дали за греење.
БОНУС: Не кријте ја вистинската намена на климатизерот и не намалувајте ја големината на просторијата со цел да добиете поефтина понуда. Климатизерот би требало да биде барем 10% појак од номиналната големина за вашиот простор. Тоа што ќе го платите на почеток ке ви се врати во првата година од користење. Ако климатизерот е наменет за деловна просторија како ресторан или кафе бар пресметката за потребна јачина не е иста како за домакинство и треба да се додаде повеке сила на уредот зголемена за 100в по предвиден гост.* за до 30М2 ви препорачуваме еден од следниве модели: за до 50М2 ви препорачуваме некој од овие модели:
  • * - (еден човек зрачи околу 100 вати енергија)
   

ТОПЛИНСКA ПУМПA најефтино енергетско решение за греење и ладење

Топлинска пумпа. ( toplinska pumpa )

Во последните години со развојот на инвертер технологијата се појавија уреди за климатизација со голем дијапазон на употреба при многу ниски и многу високи температури. Таа позиција ја употребија производителите на клима уреди за да спремат уред кој ја користи фреонската размена на температура како во нормалните климатизери и ја употреби во таканаречените уреди Топлински пумпи.
Топлинските пумпи имаат употреба за греење во нови и реновирани домакинства со заштеда на потрошувачката на електрична енергија до 50% од конвенционалните уреди за греење како и екеолошки прифатливи за разлика од уредите на фосилни горива.
Се аплицитраат заедно со Радијатори, вентило-конвертори( фен-којлери ), подно греење како и за добивање на топла санитарна вода до 80 степени.
Можат да се комбинираат со соларни ситеми за производство на топла вода и со тоа да се намали потрошувачката на енергија уште повеќе.
работниот опсег на новите топлински пумпи се движи од -28C do +40C.
Топлински пумпи има со различни големини и верзии Сплит или моноблок за различни потреби со вграден АКВАБОКС или со додаден Бојлер и Воден Бафер. За употреба во домакинствата највеке се користат од 8KW до 16KW  за загревање за простории во зимскиот период и производство на топла вода за санитарни потреби.
За употреба во големи објекти се користат комерцијални уреди со огромна моќ или се користат повеке мали системи врзани во систем. Кај нас на веб страната ке најдете неколку модели со тенденција да го зголемиме асортиманот на повеке производители и повеке варијации на големина и цени.
На следниов линк ќе најдете дел од понудата за топлински пумпи: https://klimatizer.mk/kategorija/toplinska-pumpa/
За повеќе информации јавете се на некој од нашите телефонски броеви 032/443-356 и 072/215-123, со задоволство ќе ви објасниме што и како е потребно за инсталација на ваков уред.

Енергетска Ефикасност и објаснување

SEER и SCOP ознаки на климатизерите

            Понудата на пазарот со климатизер е поголема од било кога. Во
морето на технички податоци сигурно сте наишле на поими како: EER,SEER, COP, SCOP како и енергетски ознаки како: А+++, А++, А+, А, B, C, D кои веројатно ве збунуваат или не знаете што значат. Во продолжение можете да прочитате објаснувања за наведените поими.

Ознака EER( Energy Efficiency Ratio ) значи енергетска ефикасност а се однесува на големината на излезната енергија за ладење и потребната влезна електрична енергија. Поголема вредност означува подобри перформанси.

Ознаката COP( Coefficient of Performance )  е поим кој се користи во  термодинамиката, а дава размер меѓу добиената топлина и потрошената потребна енергија. Колку поголем е коефициентот толку подобри перформанси има уредот односно оперативните трошоци се помали.

Од друга страна SEER ( Seasonal Energy Efficiency Ratio ) и SCOP ( Seasonal Coefficient Of Performance ) се однесуваат на сезонскиот коефициент  на енергетската ефикасност. Односно SEER е сезонска енергетска ефикасност на уредот при Ладење, а SCOP е сезонска енергетска ефикасност при греење.

На кратко повисок коефициент значи подобра перформанса на уредот.

Треба да напоменеме дека производителот е должен да истакне налепница на која се искажани коефициентите SEER и SCOP.

Енергетската класа е потврда за квалитет на уредот од гледиште на енергетска ефикасност, при што уредите спрема потрошувачката на електрична енергија се делат на 7 ( седум) гкатегории означени со букви: A, B, C, D, E, F, G.  Енергетски најефикасните уреди припаѓаат во категоријата  А, а најдобриот од нив носи ознака А+++.

Back to Top
Производот е додаден во кошничката