Инсталација на клима уред во нова градба ( куќа-стан-деловен простор )

Кога се работи за нов објект кој е во фаза на градба најдобро е  инсталацијата за климатизација да се вгради во ѕидовите како и секоја друга инсталација. Така можностите за одбир на местоположбата на внатрешните единици може да се избере по желба бидејки ни остава можност да се вгради уредот каде што е најдобро. Исто и за надворешната едница може да се одбере место спрема желбата на сопственикот и најдобрата местоположба спреам самиот објект. Таквите инсталации не бараат многу внимание при нагиб и виткања ( колена ) и можеме да ги вградиме на најповолната позиција. Единствено мора да се води грижа за кондензациската цевка/црево или да се употреби пумпа ако се прават кондензациски водови на повисоки места од внатрешните единици ( важно за ладење со клима уред ). Постојат определени ограничувања на колена и максимална должина во зависност од уредот, марка, големина и тип но новите INVERTER технологии ни даваат голема слобода во однос на должините и денивелацијата на уредите.
Ако истото го правиме веќе во вселен објект мора да се употребуваат пластични канали за прикривање на цевководите и каблите а и ограничен ни е изборот во поставувањето заради истите. Таквите канали ги нема во голем избор евентуално 2 до 3 вида но скоро сите се во бела или беж боја а и цената не им е мала околу 400 денари по метар плус приклучни елементи, кривини капаци и тд. Некои од нив можат да се обелат со боја но како и да е подобро е првото решение како за вас лично така и за дизајнот на самите простори.