Пребарај

Мулти Сплит Позитивни/Негативни Страни

3 причини зошто да купите мулти сплит систем инвертер климатизер или 3 причини зошто не.

Кога размислуваме за климатизација ( ладење и греење ) на нашиот дом или деловна просторија земаме во предвид неколку работи кои би ни помогнале во изборот на модел.

  •                 Јачина на уредот

  •                 Економичност

  •                 Цена на уредот

  •                 Додатна опрема која ја поседува

 

Но ретко кој размислува на следниве 3 работи кои се од пресуден карактер.

  1. Дали е можно да се инсталира мулти сплит?

Причина ЗА - Ако објектот е во изградба или реновирање може да се направи цевководната инсталација да не се гледа воопшто. Причина НЕ - Ако објектот е веќе вселен многу тешка е монтажата на уредите бидејки во 99% потребни се мали градежни зафати кои можат да повлечат зголемни трошоци за монтажата и да има губење на лик поради разведувањето на цевковод и кондензациски одвод..  
  1. Заштеда на електрична енергија.

Причина ЗА - Секој продавач ќе ве убеди дека е поекномично да се монтира мулти сплит бидејки најчесто се монтира надворешна единица за 33% помала од номиналната големина во очекување дека не се користат сите внатрешни единици во исто време на максимум Причина НЕ – Потрошувачката на енергија колку зависи од самиот уред уште повеке зависи од просторијата. Климатизерот ќе троши енергија онолку колку ќе го оптоварите до најголемата моќ потребна за греење или ладење. На крајот на краевите треба да е димензиониран да не работи на максимум со што ќе му се зголеми векот на употреба.
  1. Изглед на надворешноста на објектот и можност за поставување на повеќе надворешни.

Причина ЗА – Живеете во зграда и нема многу места предвидени за надворешна единица, кондензациската вода мора да се насочи каде што не прави штета на комшиите или минувачите. Причина НЕ – Имате сопствена куќа со двор и не е битно дали имате 3 или повеќе надворешни единици. Над ворешниот изглед на фасадата не е нарушен. Во случај на дефект на една единица другите работат  но кај мулти ако има проблем можен е застој на целиот систем.

Prednosti pri klimatizacija

предности при климатизација

Најголема предност на употребата на клима уред во лето за за вашето здравје се можностите за престој во амбиент без да сте изложени на превисоки температури поради спречувањето на можностите на добиавње топлотен удар со значајни пореметувања во крвотокот и централниот нервен систем. Се спречува дехидрација на организмот, сучење на слузнивцата на очите и дишниот тракт кои можат да доведат до секундарни воспаленија. Позитивното дејство  и прочистувањето на воздухот како и спречувањето на дејството на алергените во зтворен простор се добива со редовно и квалитетно одржување   на клима уредот.   Добрата климатизација поволно дејствув на зголемувањето на работната способност која во услови на висока темепартура и загушливост е значително мнамалена. Секако постојат и опасности при примена на климатизер( поврзано со лошо одржување  слаб квалитет и неадекватна примена на истиот) со можни алергиски реакции како Rinokonjuktivitis, astma предизвикана од мувли и алергени. Симптомите се типични за простории со лоша климатизација, како главоболка, отежнато дишење психички проблеми, а ги нема кога сте на отворено, викенди во природа патувања.   Можна е ретка бактериска инфекција со Legionella pneumophila со можни воспаленија на плуќата и повишена температура. Од останатите опасности при климатизацијата важно е да сте предупредени за наглата промена на температурата ако излевате од многу ладна климатизирана просторија на висока надворечна температура ( темпратурен шок ). Излевањето од такви простории треба да е со кратка аклиматизација како би се избегнал шокот. Можноста за престој во климатизирана просторија секако ја смалува експлозијата на алергени и ја намалува појавата на симптоми. Со вградувањето на фитрите за полен се прочистува воздухот на повисоко ниво до нано големина на прашните честички. Климатизирањето на просторијата треба да се сфати као корисна за здравјето, расположението и зголемената работна способност, но и како потенцијална опасност по здравјето. КОЈ КВАЛИТЕТ ЌЕ НАДВЛАДЕЕ ЗАВИСИ ИСКЛУЧИВО ОД НАС, ОД РЕДОВНОТО ОДРЖУВАЊЕ И ЧИСТЕЊЕТО НА КЛИМАУРЕДОТ и придржувањето на правилата за примена на клима уред.

Заштеда и Комфор

При употреба на климатизер многу важно е да  знаете на кој начин  би заштедиле максимлално електрична енергија а со тоа и своите пари, а во исто време да не го нарушите комфорот на кој сте навикнати. Оставете ја да работи во текот на целиот ден (уредот автоматски ќе ја одржува посакуваната температура што ќе резултира со минимална потрошувачка на електрична енергија.) Поставете ја температурата во просторијата меѓу 24 – 26 ºC за оптимално работење. Ако поставената температура е меѓу 7  и 10 ºC пониска од надворешната, климатизерот ќе троши помалку околу 5% помалку за секој постигнат степен н барната темература. За максимална заштеда оставете го уредот да работи преку целиот ден на околу 26 ºC. За ладење можете да ја користите опцијата за одвлажнување која истовремено одвлажнува и лади. Кога спиете во просторијата подигнете ја малку тепературата како би избегнале непријатност во текот на сонот од многу нискатата температура.

Back to Top
Производот е додаден во кошничката