ТОПЛИНСКA ПУМПA ??????

Во последните години со развојот на инвертер технологијата се појавија уреди за климатизација со голем дијапазон на употреба при многу ниски и многу високи температури. Таа позиција ја употребија производителите на клима уреди за да спремат уред кој ја користи фреонската размена на температура како во нормалните климатизери и ја употреби во таканаречените уреди Топлински пумпи.

Топлинските пумпи имаат употреба за греење во нови и реновирани домакинства со заштеда на потрошувачката на електрична енергија до 50% од конвенционалните уреди за греење како и екеолошки прифатливи за разлика од уредите на фосилни горива.

Се аплицитраат заедно со Радијатори на ниска температура, вентило-конвертори( фен-којлери ), подно греење и за добивање на толпа санитарна вода до 80 степени.

Можат да се комбинираат со соларни ситеми за производство на топла вода и со тоа да се намали потрошувачката на енергија уште повеќе.

Работниот опсег на новите термални пумпи се движи од -20C do +40C.

Топлински пумпи има со различни големини за различни потреби а за употреба во домакинствата највеке се користат од 8KW до 16KW  за загревање а простории во зимскиот период и производство на топла вода за санитарни потреби.

За употреба во големи објекти се користат комерцијални уреди со огромна моќ или се користат повеке мали системи врзани во систем. Кај нас на веб страната ке најдете неколку модели со тенденција да го зголемиме асортиманот на повеке производители и повеке варијации на големина и цени.