Пребарај

Како се одразува употребата на уред за греење по нашиот домашен буџет. Струја или Дрва или можеби Пелети.

Зошто сметките за греење се поголеми од сметките за ладење и што е најдобро за користење за греење.

ПРВ одговор: Чиста Физика

За да можеме да ви објасниме ке почнеме од почеток.

Што е Климатизер?

Размислувајте вака. Климатизерот е уред за преместување на топлината од едно на друго место. Во науката “Топлинатa” всушност е Енергија. Ладното е само недостаток на топлинска енергија. Кога ја ладите просторијата вие всушност ја вадите температурата од внатре надвор. Климатизерот користи електрична енергија да ја изнесе топлината надвор од просторијата.

Магијата на Климатизерот е во неговиот циклус за разладување.

 

Еве една брза верзија за тоа како работи климатизерот.

Климатизерот ја менува агрегатната состојба на Фреонот со неговиот компресор  од течност во гас и така ја одзема темепратурата од просторијата и ја пренесува на друго место. Во мод на греење ја земан темературата од надвор и ја внесува во просторијата каде е инсталиран Исто работи и фрижидерот само во мала просторија(200л+-)

Единствен начин да може да работи климатизерот е да употреби електрична енергија.

Различни енергенси кои ги користиме за греење. Дрва, пелети, природен гас се енергенси кои со согорување даваат Топлинска енергија. Можете да користите и електрични греалки ( конвектори калорифери електрични печки и тд. Кај сите нив излезната енергија( топлинска) е еквивалент на потрошеното гориво и тоа во однос 1Х1 во најдобар случај кога користите најефикасен електричен конвекторски или  уред кој работи на топол воздух. Во просек сите уреди односот на потрошено гориво во KW/H и добиената топлинска енергија од него ја имаат во однос од 60% дрва до 98% пририден гас највеќе. Топлинската енергија се прикажува во BTU(british termal units)како единица мерка.

Се ова е добро додека не земете во предвид дека Климатизерот има ефиксанот на размена KW/H во BTU 250%. Ефикасноста на системите варира и се прикажува со ознака COP(коефициент на перформанси). Колку поголем е одностот толку поефикасен е уредот.

Кога споредувате уреди едни со други споредувајте ги тие карактеристики.

Друг параметар кој влијае на греењето или ладењето е разликата во темература која сакаме да ја постигнеме со уредот кој го користиме помеѓу внатре и надвор.Колку поголема разлика сакаме да постигнеме толку повеке енергија ни е потребна па така и ке одбереме кој уред ни одговара.

ЗАТОА ПРЕПОРАКА ВИ Е КОРИСТЕТЕ ЕНЕРГЕТСКИ ЕФИКАСЕН КЛИМА УРЕД. Ке добиете ефикасност и за ладење и за греење посебно во нашава Македонија каде зимите не се премногу остри,а за летото нема потреба да зборуваме. Во најлош случај кога се греете со климАтизер 10-15 дена во годината ке треба да додадете некое дополнително уредче за догревање. Ке ви биде пријатно и воздухот во домот или канцеларијата ке биде чист.

РАЗМИСЛЕТЕ УБАВО КОГА КУПУВАТЕ УРЕД ЗА ГРЕЕЊЕ И ЛАДЕЊЕ.

 

КЛИМАТИЗЕР и ГРЕЕЊЕ

Како што знаете веќе климатизерите пред повеќе години ја добија својата улога и како грејни тела во вашето домакинство или на работа. Не само како уреди за пригревање или догревање на веке посточки друг систем за грење, туки и како основни грејни тела.

                Да можете да ги употребувате ефикасно треба да ги практикувате следниве совети.

  1. Избор на климатизерот при купување

                Сите климатизери грееат ама некои се поефикасни во тоа.  При купување мора јасно да се определите што и како ке побарате од вашиот климатизер и така да го направите изборот.

                Внимавајте на описите како на пример греење до -15, -20, -10, -30. Тоа се показатели до која надвоершна температура климатизерот може да оперира, но не се показатели колку топлинска енергија ке даде во просторот. Тоа ќе го проверите во описот SEER(Seasonal Energy Efficency Ratio), SCOP(Seasonal Coefficient Of Performance). Повисок коефициент на некој од овие два праметри ви даваат до знаење дека климатизерот е поефикасен. Сите параметри за SEER повисоки 6.5, и SCOP повисок од 4 ви покажуваат  дека климатизерот може да се користи за греење. Ако SEER e povisok od 8,5 tтоа би ви било показател дека климатизерот има многу добра конверзија на температури пониски од -15 Ц, и спага во уреди со најдобра енергетска ефикаснот А+++.

  • Не дозволувајте температурата во просторијата да падне на многу ниски вредности во сезона на греење.

                Ако веќе сте решиле да го користите климатизерот за греење, не исклучувајте го климатизерот кога темературите се околу 0 степени. Оставете го да грее како би ја одрѓжувал температурата во просторијата. Намалувјте и зголемувајте ја темературата по желба и потреба. Кога климатизерот ке покаже сигнали ( DF дефрост) не гасете го во паника. Оставете го тоа е мод за одмрзнување на надворешната единица и трае од 5 до 10 минути и автоматски се вклучува. Ако користите климатизер од повисока класа кој има ГРЕАЧ во надворешната единица овој мод ке биде многу поредок и паузите нема ни да ги приметите.

  • Чистете ги филтрите во внатрешната единица почесто.

                Со тоа овозможувате подобар проток на воздух и помирна работа на самиот уред а и се заштитувате од прашина и го продолжувате векот на вашиот климатизер.

Препорака за одржување на вашиот климатизер.

  1. Редовно чистење на филтрите на внатрешната единица
                    - Со редовно чистење добивате подобро филтриран воздух од прашина која се лепи на самите филтри.
                    -Ако оставите подолго време да не се исчистат фитрите ке се наталожи подебел слој од прашина кој го спречува циркулирањето на воздухот со што се намалува моќта на климатизерот.

                -поставената температура нема да биде постигната поради запушување на протокот и сензорот за температура нема да ја мери точната температура.

2.  На неколку години треба да се изврши темелно чистење на климатизерот на внатрешната едница од можни мувли кои се стварааат на ладење поради кондензација.Ваквото чистење би требало да го изврши овластниот сервис ( освен ако сте  сам свој мајстор дома- погледнете упатсава на интернет или на некој форум )

                НАПОМЕНА: можно е да ја загубите гаранцијата на уредот доколку не ја направите работата по предвидена процедура.

3. Во случај климатизерот да ја намалил својата моќ( не лади доволно - не грее доволно ) консултирајте се со овластениот монтер/сервис пред  да превземете нешто на своја рака.

Back to Top
Производот е додаден во кошничката