Пребарај

| Verificiran badge

предности при климатизација

Најголема предност на употребата на клима уред во лето за за вашето здравје се можностите за престој во амбиент без да сте изложени на превисоки температури поради спречувањето на можностите на добиавње топлотен удар со значајни пореметувања во крвотокот и централниот нервен систем. Се спречува дехидрација на организмот, сучење на слузнивцата на очите и дишниот тракт кои можат да доведат до секундарни воспаленија.

Позитивното дејство  и прочистувањето на воздухот како и спречувањето на дејството на алергените во зтворен простор се добива со редовно и квалитетно одржување   на клима уредот.

 

Добрата климатизација поволно дејствув на зголемувањето на работната способност која во услови на висока темепартура и загушливост е значително мнамалена.

Секако постојат и опасности при примена на климатизер( поврзано со лошо одржување  слаб квалитет и неадекватна примена на истиот) со можни алергиски реакции како Rinokonjuktivitis, astma предизвикана од мувли и алергени. Симптомите се типични за простории со лоша климатизација, како главоболка, отежнато дишење психички проблеми, а ги нема кога сте на отворено, викенди во природа патувања.

 

Можна е ретка бактериска инфекција со Legionella pneumophila со можни воспаленија на плуќата и повишена температура.

Од останатите опасности при климатизацијата важно е да сте предупредени за наглата промена на температурата ако излевате од многу ладна климатизирана просторија на висока надворечна температура ( темпратурен шок ). Излевањето од такви простории треба да е со кратка аклиматизација како би се избегнал шокот.

Можноста за престој во климатизирана просторија секако ја смалува експлозијата на алергени и ја намалува појавата на симптоми. Со вградувањето на фитрите за полен се прочистува воздухот на повисоко ниво до нано големина на прашните честички.

Климатизирањето на просторијата треба да се сфати као корисна за здравјето, расположението и зголемената работна способност, но и како потенцијална опасност по здравјето. КОЈ КВАЛИТЕТ ЌЕ НАДВЛАДЕЕ ЗАВИСИ ИСКЛУЧИВО ОД НАС, ОД РЕДОВНОТО ОДРЖУВАЊЕ И ЧИСТЕЊЕТО НА КЛИМАУРЕДОТ и придржувањето на правилата за примена на клима уред.

Back to Top
Verificiran badge
Производот е додаден во кошничката