Како што знаете веќе климатизерите пред повеќе години ја добија својата улога и како грејни тела во вашето домакинство или на работа. Не само како уреди за пригревање или догревање на веке посточки друг систем за грење, туки и како основни грејни тела.
Да можете да ги употребувате ефикасно треба да ги практикувате следниве совети.
- Избор на климатизерот при купување
Сите климатизери грееат ама некои се поефикасни во тоа. При купување мора јасно да се определите што и како ке побарате од вашиот климатизер и така да го направите изборот.
Внимавајте на описите како на пример греење до -15, -20, -10, -30. Тоа се показатели до која надвоершна температура климатизерот може да оперира, но не се показатели колку топлинска енергија ке даде во просторот. Тоа ќе го проверите во описот SEER(Seasonal Energy Efficency Ratio), SCOP(Seasonal Coefficient Of Performance). Повисок коефициент на некој од овие два праметри ви даваат до знаење дека климатизерот е поефикасен. Сите параметри за SEER повисоки 6.5, и SCOP повисок од 4 ви покажуваат дека климатизерот може да се користи за греење. Ако SEER e povisok od 8,5 tтоа би ви било показател дека климатизерот има многу добра конверзија на температури пониски од -15 Ц, и спага во уреди со најдобра енергетска ефикаснот А+++.
- Не дозволувајте температурата во просторијата да падне на многу ниски вредности во сезона на греење.
Ако веќе сте решиле да го користите климатизерот за греење, не исклучувајте го климатизерот кога темературите се околу 0 степени. Оставете го да грее како би ја одрѓжувал температурата во просторијата. Намалувјте и зголемувајте ја темературата по желба и потреба. Кога климатизерот ке покаже сигнали ( DF дефрост) не гасете го во паника. Оставете го тоа е мод за одмрзнување на надворешната единица и трае од 5 до 10 минути и автоматски се вклучува. Ако користите климатизер од повисока класа кој има ГРЕАЧ во надворешната единица овој мод ке биде многу поредок и паузите нема ни да ги приметите.
- Чистете ги филтрите во внатрешната единица почесто.
Со тоа овозможувате подобар проток на воздух и помирна работа на самиот уред а и се заштитувате од прашина и го продолжувате векот на вашиот климатизер.