Електронско плаќање на аранжмани – технички и безбедносни аспекти Електронското плаќање се врши со следните платежни картички: Visa; Visa Electron; Mastercard; Maestro (само доколку има CVV2/CVC код на позадината од картичката) а наплатата се извршува преку нашиот партнер Стопанска Банка АД Скопје со помош на онлајн системот за електронско плаќање cPay Mk на Casys чија цел е безбедно онлајн плаќање по сите светски безбедносни стандарди пропишани од Visa, Master Card и останатите финансиски институции. Процесот на електронско плаќање се одвива според сите светски стандарди за интернет наплата со највисоко ниво на сигурност и доверливост. При комуникација помеѓу купувачот и процесорот се користи 128Bit SSL енкрипција. Конекциите се обезбедени со SSL протоколи – имплементира највисоки можни безбедносни стандарди.
Електронско плаќање на Производи – Процедура
Плаќање на нарачката
Од безбедниот линк на кој се започнува плаќањето, купувачот се пренасочува на заштитена web страна на порталот за наплата од кредитни картички www.cpay.com.mk на кој ги внесува податоците од платежната картичка потребни за реализација на плаќањетo, со што дополнително е заштитен од злоупотреба на платежните картички. Податоците кои треба да ги пополните за плаќање со картичка се Брј на картичката, Име и Презиме на сопственикот, Податоци за картичката ( вид, датум на важност, 3-цифрен код за безбедност(CVV2/CVC2)).
Откако ќе ги внесeте потребните податоци следно што треба да направите е да кликнете на полето продолжи.
Ако извршите успешно плаќање на системот на Casys добивате потврден меил од страна на www.klimatizer.mk дека вашата нарачка е направена и се обработува (your order has been received and it is being processed). По завршување на обработка на трансакцијата купувачот се пренасочува назад на интернет продажното место – веб страницата www.klimatizer.mk.
Бројот од вашата кредитна картичка е пренесен преку SSL директно до безбедниот Cpay процесинг систем на Casys и во ниеден момент klimatizer.mk нема достап до вашите податоци и во ниеден момент бројот на вашата кредитна картичка не е зачуван на нашиот сервер.
Доколку сакате да ја смените нарачката или од друга причина сакате да се откажете од плаќањето, или откажете го плаќањето или во вашиот прелистувач отворете било која друга страница; последната нарачка/плаќање ќе биде регистрирана како неуспешна (откажано од корисникот), односно статусот на плаќањето ќе биде „не е завршено“; потоа можете да продолжите со нова нарачка, додека старата нарачка ќе остане во историјата на нарачки.
Информации за трансакцијата
Трансакцијата може да биде успешна или неуспешна – откажано плаќање од корисникот во третиот чекор или одбиено плаќање.
Покрај информациите прикажани во вашиот прелистувач ќе биде испратена порака на вашата e-mail адреса со детални информација за исходот на трансакцијата и плаќањето.
Ако плаќањето е успешно завршено ќе биде генерирана фактура за продажбата и истата ќе ви биде доставена на email адресата.
Со користење на порталот за електронско плаќање го потврдувате следново:
информациите што ги доставувате до klimatizer.mk се вистинити
e-mail адресата што ќе ја користите за регистрација е Ваша, или на поинаков начин сте стекнале право за нејзино користење кредитната/дебитната картичка што ја користите за плаќање е ваша или на поинаков начин сте стекнале право да ја користите.
Напомени: Доколку трансакцијата не e успешна, a имате внесено точни податоци за картичката и картичката е валидна, обратете се во Вашата банка за повеќе информации зошто трансакцијата е одбиена. Причините може да бидат најразлични и Вашата банка ќе Ви даде најточни информации. Доколку се појавува системска грешка при обид за плаќање преку Internet Explorer, обидете се со друг интернет пребарувач. Доколку се сомневате во злоупотреба, обратете се на 032/443-356 кај нас, во вашата банка и во Casys www.cpay.com.mk. www.klimatizer.mk не превзема никаква одговорност во случај на злоупотреба на корисничкото име или кредитната/дебитната картичка користена за плаќање. www.klimatizer.mk, техничкиот персонал и веб администратор не преземаат одговорност за можните штети кои корисникот на услугата евентуално би ги претрпел за време на користењето на услугата e-плаќање или поради недостапност на услугата во одредени периоди.