ГАРАНЦИЈА
Климaтизер.мк ви се заблагодарува за довербата при купување на високотехнолошките и квалитетни климатизери на нашата компанија. Оваа гаранција важи само за клима уреди за домашна употреба, со датум на купување од 01/01/2024 и понатаму, во рамките на Македонија.
Следниве услови за комерцијалната гаранција не ги ограничуваат законските права на потрошувачите предвидени со европското и македонското законодавство во случај на дефект или несоодветност на уредот. Потрошувачите можат да ги остварат своите законски права за поправка или замена без да бидат засегнати од оваа гаранција.
Нашата компанија обезбедува ( посреднички гаранција преземена како обврска од некои увозници ) за правилна работа од датумот на купување, која ги покрива сите електрични и механички делови, вклучувајќи го и компресорот. Оваа гаранција важи само доколку се почитуваат следниве услови:
УСЛОВИ НА ГАРАНЦИЈАТА
-
Компанијата обезбедува бесплатна поправка и снабдување со резервни делови во случај на дефект или неправилно функционирање предизвикано од производствена грешка или неисправен дел. Поправката ќе се изврши на локација одредена од компанијата. Замена на уредот не е предвидена, освен ако компанијата одбие да го поправи или ако поправката не успее.
Трошоците за технички преглед, резервни делови и работна рака се на товар на компанијата, како и евентуалниот транспорт на уредот, доколку техничарот процени дека е неопходно поправката да се изврши во сервисниот центар на компанијата.
Поправката, без разлика дали вклучува замена на делови или не, не ја продолжува ниту обновува гаранцијата. Во случај на замена на некој дел, за него важи дополнителна 6-месечна гаранција од датумот на неговата инсталација. Гаранцијата за заменетите делови завршува по 6 месеци или со истекот на гаранцијата на уредот – кое и да е подолго.
-
Компанијата не сноси одговорност за дефекти предизвикани од:
- Неправилна употреба, невнимание или непочитување на упатствата за употреба.
- Погрешна или неквалитетна инсталација.
- Работа на уредот спротивно на спецификациите на производителот.
- Недомаќинска употреба.
- Поврзување на уредот на струја со напон различен од означениот.
- Ако не се извршува годишно сервисирање по првите 24 месеци од купувањето (и секоја година понатаму), од страна на сертифициран техничар на трошок на купувачот до истекот на гарантниот рок. Купувачот мора да приложи доказ за извршеното сервисирање (сметка и записник за состојбата на уредот).
- Продолжена работа на уредот при дефект, без веднаш да се прекине неговото користење и да се извести компанијата во рок од 24 часа за настанатиот дефект.
- Инсталирање на неоригинални резервни делови или додатоци што не се препорачани од компанијата.
- Нестабилност во електричното напојување (флуктуации на напон) или поврзување на неуземјена приклучница.
- Надворешни фактори како хемикалии, соли, токсини или оштетувања од природни непогоди.
- Оштетувања при транспорт на уредот.
- Поправки извршени од неовластени техничари.
-
За да биде валидна гаранцијата, клиентот мора да приложи:
- Фактура или фискална сметка (или фотокопија) со јасно наведен датум на купување и податоци за уредот.
- По 24 месеци, доказ за редовно годишно сервисирање од овластен техничар.
-
Гаранцијата НЕ покрива:
- Уред кој е инсталиран на место со тежок пристап, каде поправката не може да се изврши согласно безбедносните стандарди. Во таков случај, купувачот ги сноси трошоците за скеле и демонтажа.
- Уреди со избришан или изменет сериски број.
- Додатоци (батерии, далечински управувачи, филтри и сл.), кои се предмет на нормална употреба и абење.
Почетокот на гарантниот период се смета од датумот на купување, кој треба да биде наведен на фискалната сметка или фактурата ( некаде од датумот на монтажа впишан во гарантен лист како датум на инсталирање).
Според Европската регулатива 517/2014, сите инсталации, поправки и одржувања мора да ги извршуваат исклучиво сертифицирани техничари.
Сите други документи во пакувањето на уредот што се однесуваат на гаранција, но не се напишани на македонски јазик, важат само во земјата за која се наменети.
Конечниот потрошувач нема дополнителни барања надвор од оние утврдени во оваа гаранција, освен ако тоа не е задолжително со закон.
