ТОПЛИНСКA ПУМПA најефтино енергетско решение за греење и ладење
Топлинска пумпа. ( toplinska pumpa )
Во последните години со развојот на инвертер технологијата се појавија уреди за климатизација со голем дијапазон на употреба при многу ниски и многу високи температури. Таа позиција ја употребија производителите на клима уреди за да спремат уред кој ја користи фреонската размена на температура како во нормалните климатизери и ја употреби во таканаречените уреди Топлински пумпи.
Топлинските пумпи имаат употреба за греење во нови и реновирани домакинства со заштеда на потрошувачката на електрична енергија до 50% од конвенционалните уреди за греење како и екеолошки прифатливи за разлика од уредите на фосилни горива.
Се аплицитраат заедно со Радијатори, вентило-конвертори( фен-којлери ), подно греење како и за добивање на топла санитарна вода до 80 степени.
Можат да се комбинираат со соларни ситеми за производство на топла вода и со тоа да се намали потрошувачката на енергија уште повеќе.
работниот опсег на новите топлински пумпи се движи од -28C do +40C.
Топлински пумпи има со различни големини и верзии Сплит или моноблок за различни потреби со вграден АКВАБОКС или со додаден Бојлер и Воден Бафер. За употреба во домакинствата највеке се користат од 8KW до 16KW за загревање за простории во зимскиот период и производство на топла вода за санитарни потреби.
За употреба во големи објекти се користат комерцијални уреди со огромна моќ или се користат повеке мали системи врзани во систем. Кај нас на веб страната ке најдете неколку модели со тенденција да го зголемиме асортиманот на повеке производители и повеке варијации на големина и цени.
На следниов линк ќе најдете дел од понудата за топлински пумпи: https://klimatizer.mk/kategorija/toplinska-pumpa/
За повеќе информации јавете се на некој од нашите телефонски броеви 032/443-356 и 072/215-123, со задоволство ќе ви објасниме што и како е потребно за инсталација на ваков уред.