Пребарај

Клима уред. Избор на поединци или вистинска потреба.

Изгор Лето Кочан Зима не се само стихови од Леб и Сол. Тоа е реалноста за климата во Македонија.

Да почнам од почеток да не биде нешто недоискажано.

Климатизерот се јави како уште еден уред во секое домаќинство кој мора да се има со оглед на состојбата со климатските промени и неопстојаноста на временските прилики кај нас и пошироко.

Се појавуваат неколку прашања кои не се поврзани со дали да користам туку каков климатизер, која јачина ми е потребна, колку му е потрошувачката на електрична енергија, како да се подеси за да ги добиете најобрите својства и да се зголеми вашиот комфор а да се заштеди од друга страна, како да се одржува правилно заради здравје и подолг век на употреба и тн.

1. Каков вид на климатизер?

Се разбира INVERTER. помалку троши електрична енергија, а од друга страна дава повеке енергија и попрецизно ја одржува бараната температура.

Во лето најдобро е да се држи на темература не пониска од 10 степени Целзиусови од надворешната тепература да се избегнат температурни шокови заради разликата.

Студија на една Реномирана Американска компанија вели дека 2 степени Целзиусови повисоко подесен климатизер во лето дава заштеда на енергија до 10%.
Обратно би било во зима, 2 степени пониска темература 10% заштеда на електрична енергија.

2. Јачина на самиот уред.

Јачината е релативна категорија и  не ретко простории со слична квадратура бараат различни големини.

Како тоа?

Голем удел во јачината имаат вашите реални потреби. Дали ќе го користите за ладење, за ладење и догревање, за ладење и Греење преку цела зима, каква изолација има самиот објект, каде ќе се инсталира уредот во просторијата, во кој дел на Македонија Низина, Планина, Гевгелија, Битола или Гостивар, ориентација на самиот објект север/југ.

3. Колку троши еден климатизер и дали ако земете поголем ке имате поголема потрошувачка?

Инвертер климатизерите во класата 3.5 kw зависно од производителот и енергетскта категорија трошат околу 1 kw/h електична енергија, 5.5Kw  околу 1.5kw/h, 7.5kw околу 2kw/h.

Фабричките спецификации велат 3.5ка се препорачува за околу 35м2 ако е за ладење и догревање ако е за Греење преку цела зима 25м2. Има разлика мегу различни модели ама со оваа проста математика нема да згрешите. 5,5ка за 45м2/35м2, 7.5ка за 60м2/50м2.

Оние корисници кои се на граничните вредности на квадратурата можат да користат и поголема верзија на истиот модел и со сигурност тврдиме дека ке имаат иста потрошувачка на енергија бидејки појакиот климатизер побрзо ќе стигне до бараната температура и ќе го намали режимот на оптоварување на компресорот со што ја намалува потрошувачката. Од друга страна при греење постигнувањето на темературата побрзо ви дава поголема слобода при контрола на самиот уред и неговата работна амортизација.

4. Одржување на уредот.

Корисникот го одржува климатизеорт со едноставно и редовно чистење на електростатскиот филтер во внатрешната единица минимум еднаш на 2 недели работа. Чист филтер значи подобар квалитет на воздух во просторијата, полесен проток на воздух за самиот уред што значи помало оптоварување, попрецизна контрола на темературата. Другите одржувања на самиот уред треба да ги извши стручно лице и реална потреба би се јавила после 3-4 години редовно користење. Тоа би било перење и стерилизација на внатречниот изменувач на гас како и турбината на уредот со цел да вратат својствата на уредот блиско да фабричките спецификаци. Во случај на недостаток на разладен гас никако не дејствувајте сами поради можни повреди, изгореници-промзлини од нестручно ракување со разладен гас/ фреон ( R410, R32 , R290 кај поновите уреди).

Нешто не спомнавме на почетокот.
SMART Контрола преку домашна мрежа и употреба на паметен мобилен уред. Многу модели на Инвертер клима уреди имаат можност за поврзување со интернет и контрола преку мобилна апликација на вашиот паметен телефон вклучен во самиот уред а кај некои може да се додате усб стик како додаток .

Климе од Климатизер.мк


Back to Top
Производот е додаден во кошничката