3 Причини ЗА Мулти Сплит или 3 причини НЕ за Мулти Сплит

Кога размислуваме за климатизација ( ладење и греење ) на нашиот дом или деловна просторија земаме во предвид неколку работи кои би ни помогнале во изборот на модел.

Јачина на уредот

Економичност

Цена на уредот

Додатна опрема која ја поседува

 

Но ретко кој размислува на следниве 3 работи кои се од пресуден карактер.

  1. Дали е можно да се инсталира мулти сплит?

Причина ЗА – Ако објектот е во изградба или реновирање може да се направи цевководната инсталација да не се гледа воопшто.

Причина НЕ – Ако објектот е веќе вселен многу тешка е монтажата на уредите бидејки во 99% потребни се мали градежни зафати кои можат да повлечат зголемни трошоци за монтажата и да има губење на лик поради разведувањето на цевковод и кондензациски одвод..

 

  1. Заштеда на електрична енергија.

Причина ЗА – Секој продавач ќе ве убеди дека е поекномично да се монтира мулти сплит бидејки најчесто се монтира надворешна единица за 33% помала од номиналната големина во очекување дека не се користат сите внатрешни единици во исто време на максимум

Причина НЕ – Потрошувачката на енергија колку зависи од самиот уред уште повеке зависи од просторијата. Климатизерот ќе троши енергија онолку колку ќе го оптоварите до најголемата моќ потребна за греење или ладење. На крајот на краевите треба да е димензиониран да не работи на максимум со што ќе му се зголеми векот на употреба.

  1. Изглед на надворешноста на објектот и можност за поставување на повеќе надворешни.

Причина ЗА – Живеете во зграда и нема многу места предвидени за надворешна единица, кондензациската вода мора да се насочи каде што не прави штета на комшиите или минувачите.

Причина НЕ – Имате сопствена куќа со двор и не е битно дали имате 3 или повеќе надворешни единици. Во случај на дефект на една единица другите работат  но кај мулти ако има проблем можен е застој на целиот систем.
Мулти  Сплит  моделите може да ги видите на следниов линк: https://klimatizer.mk/kategorija/multi-split-inverter/

а нормалните модели директно на коренот на нашата веб страна: Климатизер.мк